59-ти од руската инвазија: Украина објави дека ја ракетирале Одеса, има мртви
Во ракетен
напад врз украинскиот пристанишен град Одеса, е оштетена зграда соопштија
локалните власти, без да дадат други детали.
Јужниот пристанишен град Одеса е цел на ракетни напади, соопштија локалните украински власти.
Оштетена е повеќекатна станбена зграда, јави украинската новинска агенција УНИАН.
Помошник-министерот за внатрешни работи Антон Герашченко изјави дека неколку проектили погодиле станбени блокови и човек загинал кога се запалил неговиот автомобил.
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на Твитер ја осуди Русија за наводниот напад.
„Единствената цел на руските ракетни напади врз Одеса е теророт. Русија мора да биде прогласена за државен покровител на тероризмот и соодветно да се третира. Без бизнис, без контакт, без културни проекти. Ни треба ѕид меѓу цивилизацијата и варварите кои гаѓаат ракети врз мирните градови“.
Москва сè уште не одговорила.
Руските сили веќе ја гранатираа Одеса, но многу помалку од другите градови како Мариупол, од кои повеќето денес се во урнатини по силните руски бомбардирања.
Фото: Youtube - screenshot - Inquizex
