Економија, финансии, бизнис

Контакт

56 загинати и над 400 повредени во силен земјотрес во Кина

56 загинати и над 400 повредени во силен земјотрес во Кина
Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтер, ја потресе северозападната кинеска провинција Гансу. Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Динси, кој е главно планинска област со население од 26 милиони. Како што соопштија локалните власти, билансот од земјотресот, засега, е 56 загинати и над 400 повредени. Разурнати се голем број на домови и објекти, а сериозно се погодени селата Мичуан и Пума. Во некои делови нема струја и вода. Во спасувачките акции учествуваат и војската и полицијата. Геофизичкиот институт на САД претходно соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 5,9 степени според Рихтер, на длабочина од 10 километри.
Слично

Поврзани вести