Економија, финансии, бизнис

Контакт

52 милиони луѓе работат како домашни помошници

52 милиони луѓе работат како домашни помошници
Бројот на оние кои работат како домашни помошници од 1995 до 2010 година е пораснат за 60 одсто, поради деветте милиони невработени во тој период. Меѓу 52 милиони домашни помошници од кои повеќето работат прекувремено за мала плата, без договор, 83 одсто се жени, соопштува Меѓународната организација за вработување. Во последните 15 години бројот на оние кои работат како помошници во куќа е покачен за 19 милиони. Според Меѓународната организација за вработување ова е најпроблематичниот сектор, бидејки работната сила во најголема мера е екплоатирана, платите се минимални, а условите за работа тешки. Бидејки нема дефинирано работно време, ниту пак годишен одмор, а вработените се секогаш изложени на психичко, физичко и сексуално насилство. Се повеќе се применува во пракса за ваков вид на работа да се изнајмуваат деца од 15 години и тоа најмногу во Азија, Латинска Америка и на Карибите. Во Саудиска Арабија функцијата на домашна помошничка според извештајот се рамни со ропство. Локалното население бара и до 1500 евра за добивање на работни дозволи за странците, просечната плата за работниците од ваков тип е  околу140 евра.  
Слично

Поврзани вести