Економија, финансии, бизнис

Контакт

500 ЖЕНИ СИЛУВАНИ ОД ВОЗАЧИ НА УБЕР-АФЕРАТА ДОБИВА УШТЕ ПОГОЛЕМИ РАЗМЕРИ: Почнаа масовни тужби

500 ЖЕНИ СИЛУВАНИ ОД ВОЗАЧИ НА УБЕР-АФЕРАТА ДОБИВА УШТЕ ПОГОЛЕМИ РАЗМЕРИ: Почнаа масовни тужби

Во САД, компанијата Uber беше тужена од повеќе од 500 жени поради обвинувања за сексуален напад од возачи. Во тужбите на повеќе од 500 жени, се наведува дека „Возачите на Uber киднапирале, сексуално вознемирувале и малтретирале жени, ги силувале, насилно ги затворале, ги демнеле или на друг начин ги напаѓале“, пренесува Би-Би-Си.

Случајот ќе го разгледа Врховниот суд на округот Сан Франциско.

„Сексуалниот напад е ужасно злосторство и секој извештај го сфаќаме сериозно“, изјавија од Убер за Би-Би-Си.

Компанијата наведува дека нема ништо поважно од безбедноста и тврди дека Uber создал нови безбедносни карактеристики, воспоставил политики ориентирани кон жртвите и станал потранспарентен за сериозни инциденти.

Што се наведува во тужбата?

Во тужбата, поднесена од адвокатите во фирмата Slater, Slater & Shulman, се наведува дека сексуалните напади се случиле во „повеќе американски држави“. Се додава дека уште најмалку 150 случаи на можна злоупотреба се истражуваат.

Според тужбата, Uber уште во 2014 година бил информиран дека неговите возачи сексуално злоупотребуваат и силуваат патнички. Сепак, се наведува во тужбата, компанијата имала приоритет на „растот на профитот пред безбедноста на клиентите“.

Минатиот месец, Uber го објави својот втор извештај за безбедноста во Америка, според кој имало 998 сексуални напади во 2020 година, вклучувајќи 141 силување. Компанијата наведува дека меѓу 2019 и 2020 година добиле 3.824 пријави за петте најсериозни категории на сексуален напад.

Неодамна, протекоа документите за Uber, огромна количина документи до британскиот Гардијан што ја покажува поврзаноста, пишува британскиот весник, меѓу технолошкиот гигант кој се обиде да наметне брз бизнис модел и политичари во 40 земји од 2013 година до 2017 година.


Слично

Поврзани вести