Економија, финансии, бизнис

Контакт

50 000 луѓе протестираа во Полска против новата влада

50 000 луѓе протестираа во Полска против новата влада

Околу 50 000 луѓе денеска протестираа во центарот на полската престолнина против новата влада на конзервативците, кои ја зедоа власта пред еден месец.

Демонстрантите испишале слогани како „Слобода, Еднаквост, Демократија“ и се изјасниле дека нивните основни права се загрозени.

Тие повикале исто и за оставката на претседателот Анджеј Дуда, кого го обвинуваат дека го прекршил Уставот.

Владејачката партија „Право и правда“ (PiS) победи на парламентарните избори во октомври и веднаш ги смени началниците на службите за безбедност. Таа планира и реструктуирање на државните медиуми, непосредно откако во Полска избувна скандалот по одлука на владејачките партии од „Право и правда“ да го блокираат назначувањето на нови судии од Уставниот суд.

Слично

Поврзани вести