Економија, финансии, бизнис

Контакт

5 совети како да управувате со „Генерацијата Y“

5 совети како да управувате со „Генерацијата Y“

Помеѓу очекувањата на младите вработени кои припаѓаат кон „Генерација Y“, и старите кадри постои празнина во голем дел од компаниите. Француското издание Atlantico.fr објавува пет вредни совети како таа може да биде исполнета.

1. „Генерацијата Y“ мрази сè што ја задушува креативноста

Наместо да зборуваме за генерација Y, подобро да зборуваме за однесување Y. Таа го освојува целиот свет - од Северна и Јужна Америка до Азија и Западна Европа и наметнува нов начин на живот и работа. Тоа е светска мировна револуција, одбележана со универзален факт: Генерација Y одбива да живее според парадигмата, измислена од капитализмот, која се смета за либерална. Тие сакаат колективно создавање на општо добро - солидарен јавен живот заснован на заедничката одговорност и споделувањето, естетика на мирни и плодни односи. Едноставно, однесувањето Y го создава повторно мирно и универзално човечкиот начин на живот. Младите ги отфрлат категорично обидите за инструментализирање на човекот од човекот, нормативните, систематските, бирократските пристапи.

2. Хиерархијата не ja импресионира „Генерација Y“

Дајте предност повеќе на хоризонталното управување Всушност, вредносните критериуми на генерацијата Y се доста интересни - тие се базираат на реалноста на придонесот на човекот кон неговата средина. Ако тој е негативен (уништување на природата, непочитување кон луѓето, нечесност), тие веднаш си заминуваат. Ако придонесот е позитивен, младите остануваат верни на компанијата. Позитивниот придонес може да биде хуманитарен, културен, социјален, уметнички, еколошки, економски. Ако еден менаџер се обврзува да ги развива подредените, да ги почитува, им овозможува да ги искажат своите ставови, тој ќе може да црпи неограничено од бунарот на креативноста и енергијата на генерацијата Y.

3. Заборавете на 10-годишните кариерни планови 

„Генерацијата Y“ веќе не верува во нив. Луѓето од „генерацијата Y“ сфатија дека компанијата и работодавачот очекуваат од нив безгранична лојалност и посветеност. Но тие разбраа исто така, дека не секогаш тоа има реципроцитет. Тие знаат, најчесто од болно искуство дека работодавачот смета за легитимно да отпушта вработени, понекогаш само превентивно. Така, сметајќи се за само една бројка во финансиската равенка, особено во големите компании, Генерација Y е подготвена да го развива својот талент на друго место, вклучително и во помала компанија или стартап, каде сите вработени се солидарни.

4. „Генерацијата Y“ можеби знае повеќе од вас, особено во однос на информатичката технологија

Бидете скромни и не се затворајте. Точно е, тие знаат многу повеќе за дигиталниот свет, ја дигитализираат економијата и евентуалниот нов свет. Сите ја прифаќаат реченицата „нашиот дигитален свет менува сè“. Но никој не прифаќа да го промени управувањето, а на тој начин и однесувањето. Но искуството покажува дека раководителите понекогаш не успеваат да ги задржат младите таленти, обраснати во политички и менаџерски игри.

5. „Генерацијата Y“ не сака да седи настрана 

Интегрирајте ги во процесот на донесување на одлуки. Револуцијата Y по природа е контрибутивна, сите млади сакаат да бидат претприемачи, да создаваат општо добро и да го споделат. Па ако одлучите да не соработувате со претставник на „генерацијата Y“, кој придонесува, тој несомнено ќе отиде на друго место.


Слично

Поврзани вести