Економија, финансии, бизнис

Контакт

5 руски загубари во Романија продадени за само 70 долари

5 руски загубари во Романија продадени за само 70 долари

Една руска металуршка компанија соопшти дека продала пет компании во Романија, од кои четири загубари за сума од 70 долари.

Во денешното соопштение  пишува дека компанијата Мечел го префрлил капиталот до „Дуктил стил Мечел , од „Кампија Турзи“ , од „Мечел Трговиште“ , од „Мечел Ист Јуроп металургикал дивижан“  и од „Лиминорул“ во „Инвест Никаром“.

Компанијата Мечел со седиште во Москва ја прекина работата во романските фабрики во ноември поради кризата и слабата побарувачка. Инаку „Мечел груп“ ги обединува производителите на јаглен, железна руда, никел, челик, топлинска и електична енергија.

Според прогнозите, загубите во Романија се проценуваат на 59,5 милиони евра.

Слично

Поврзани вести