5 милијарди евра остварен приход во Италија
Приход од пет милијарди евра оствари Италија со продажба на обврзници со рок на доспевање во 2015, 2023 и 2029 година, а каматните стапки да првите два вида на хартии од вредност се намалиле, а на третата се зголемиле во однос на претходните аукции.Обврзниците кои за наплата доспеваат во 2015 година му донесоа на буџетот 3,5 милијарди евра, по каматни стапки од 2,64 отсто во однос на 2,86 проценти од минатомесечната аукција. Рим пак продаде хартии од вредност во износ од 816 милијарди евра, со рок на доспевање во 2023 година, со каматни стапки од 4,81 отсто во однос на 5,89 проценти од јулската аукција. Хартиите кои за наплата доспеваат во 2029 година донесоа 683 милиони евра, по каматни стапки од 5,33 отсто во однос на 5,26 проценти од 2009 година.
Слично
