5 ГЛАВНИ ЦЕЛИ: Што всушност сака ИСИС?
Терористичката организација Исламската држава зема се поголем замав во различни теритиории низ светот. Светските сили интензивно се борат против тероризмот, но многумина не се свесни за едно прашање- што всушност сака ИСИС? Ова прашање го анализираше Си-ен-ен
Глобален калифат
Најголемата цел на ИСИС е глобален калифат, кој ќе се постигне преку глобална војна. Тоа е желба за проширување на териториите и надвор од Блискиот Исток, вклучувајќи ги и Европа и САД. Глобалната војна во пропагандата на ИСИС е наречена „војна против неверниците“.
Задржување и освојување нови територии
Калифатот може да постои само ако има територија: смислата на постоењето на ИСИС е да се одржи и да се прошири. Аналитичарите пишуваат дека првата цел на ИСИС е контрола на Ирак и Сирија, а цели и кон уште поголеми области.
ИСИС има поголеми амбиции - да го прошири своето присуство во Јемен, Авганистан и на Синајскиот Полуостров во Египет.
Бришење на границите
Исламска држава не признава вештачки граници, ниту каква било друга националност освен исламот. Уништувањето на границите е една од главните цели на ИСИС.
Прочистување на исламот
ИСИС планира и чистење во самиот ислам. Тие се стремат за уништување на шиитските муслимани или нивно протерување од калифатот.
Поробување на „неверниците”
Исламската држава не верува во ништо друго освен нејзината идеја за калифат. Главната цел на ИСИС е да ги уништи сите кои не ја прифаќаат нивната идеологија или како што тие ги нарекуваат „неверниците”.
