40 пијани патници симнати од авион на Брисел Ерлајнс, пилотот одбил да лета
Капетанот на Брисел Ерлајнс кој требало да лета од Брисел до Аликанте во Шпанија решил да го паркира авионот и да не полета со над 40 патници кои правеле проблеми и биле во алкохолизирана состојба. Поради безбедносни причини направена е проценка дека авионот не може да полета и проблематичните патници биле симнати и потоа приведени од полицијата. Аеродромските власти не ја откриваат нивната националност.
Слично
