Економија, финансии, бизнис

Контакт

4 причини зошто арапските земји не се борат против ИСИС

4 причини зошто арапските земји не се борат против ИСИС

Скоро целиот западен свет е вклучен во војувањето против ИСИС, но арапските сојузници на Западот се помалку заинтересирани во борбата со тероризмот.

Арапските сојузници на Западот како Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати изведуваат во просек една мисија месечно, Бахреин прекина есента, а Јордан во август.

Има неколку причини зошто арапските земји не се вклучуваат во борбата со ИСИС.

Приоритет е Јемен

Аналитичарите тврдат дека Јемен моментално е средиште на саудиско - иранскиот односно на сунитско-шиитскиот конфликт кој се води повеќе или помалку на целиот Блиски исток. Поради тоа кога шиитските бунтовници го зазедоа главниот град на Јемен - Санa, коалицијата на сунитски арапски држави мораше да интервенира во оваа стратешки многу важна територија која ги спојува Црвеното море и Индискиот океан, односно Европа и Африка со Азија.

Се плашат дека војната би се одразила на внатрешен план

Друго објаснување зошто арапските земји не се активни во борбата со тероризмот е поради стравот дека војната би се одразила во внатрешноста на нивните земји. Проблемот е што ИСИС има поддршка не само во Сирија и Ирак, туку во голем дел од муслиманските земји.

Арпските држави гледаат на ИСИС како проблем на Иран

Сирија и Ирак во кои ИСИС води војна се клучни сојузници на Иран. Поради тоа арапските држави не сакат премногу да ги интензивираат операциите, туку го пуштаат Иран да се справува со проблемот -ИСИС.

Копликации

Воведување на арапски трупи во конфликтот е речиси невозможно. Собирање на голем број на арапски трупи претставува ризик кој ни една држава не е спремна да го поднесе сама. Затоа Арапските армии го насочија вниманието на внатрешните работи, односно на зачувување на безбедноста

Слично

Поврзани вести