4.2 милијарди луѓе се уште немаат пристап до интернет
За поголемиот дел од светот користењето на „Google“ и „Facebook“ не е секојдневие, пишува „CNN News“. Во моментов 4.2 милијарди луѓе или 57 проценти од глобалното население, се уште немаат пристап до интернет, покажуваат податоците на Комисијата за широкопојасен интернет и комуникации на ОН. Генералното зголемување на пристапот до интернет се очекува да падне од 8,6 проценти во 2014 на 8,1 отсто во 2015 година.
Како е можно тоа, кога секој тинејџер испраќа текстуални пораки за време на вечерата, а нашите колеги комуницираат преку чет апликации, дури и кога се во една соба? Приближно 70 проценти од прилозите за мобилен и кабелски интернет се концентрирани во два региона - азиско-пацифичкиот и американскиот.
Иако според извештајот 60 проценти од луѓето во светот ќе бидат онлајн во 2021 година, разликата помеѓу побогатите и посиромашните нации ќе остане голема, ако не се вложат политички напори. Помалку развиените држави не го доживуваат интернетот со истиот ентузијазам. Пенетрација на интернет во заедниците во јазично различни региони како Африка, Индија и Југоисточна Азија се уште е предизвик. Повеќето од светските јазици сеуште не се претставени онлајн.
Интернет служи првенствено за оние кои ги разбираат латинските букви од „a до z“ и бројките од „0 до 9“. Повеќе од половина страни се на англиски јазик. Европските јазици шпански, француски и германски заедно со јапонскиот јазик се користи во помалку од 5 проценти од сајтовите. Многу национални јазици како свахили и хинди се појавуваат во под 0,1 процент од страниците.
