Економија, финансии, бизнис

Контакт

35 ЛУЃЕ ИЗГОРЕА ВО ПОЖАР ВО ЦРКВА-ВРИСОЦИ ЗА СПАС СЕ СЛУШААТ ВО ВИДЕОТО: Несреќа за време на миса, има и многу повредени

35 ЛУЃЕ ИЗГОРЕА ВО ПОЖАР ВО ЦРКВА-ВРИСОЦИ ЗА СПАС СЕ СЛУШААТ ВО ВИДЕОТО: Несреќа за време на миса, има и многу повредени

Најмалку 35 лица загинаа, а 45 се повредени денеска во пожар во црква во египетскиот град Гиза, изјавија два безбедносни извори за Ројтерс.

Пожарот, најверојатно поради дефект во електричните инсталации, избувнал кога 5.000 верници се собрале на миса во црквата Абу Сифин во областа Имбаба, предизвикувајќи стампедо, велат изворите. Повредените се хоспитализирани, соопшти Министерството за здравство.


Пожарот, според властите, сè уште не е изгаснат во црквата која го носи името по Свети Меркур од Цезарија, на кого му се поклонуваат Коптите, најголемата христијанска заедница на Блискиот Исток со 10 до 15 од 103 милиони Египет.

„Ги мобилизирав сите државни служби за да се осигурам дека ќе бидат преземени сите мерки“, објави претседателот Абдел Фатах ал Сиси на Фејсбук.


Слично

Поврзани вести