Економија, финансии, бизнис

Контакт

34 ДРЖАВИ ЗАЕДНО: Се создава исламски воен сојуз за борба против Исламска држава

34 ДРЖАВИ ЗАЕДНО: Се создава исламски воен сојуз за борба против Исламска држава

Саудиска Арабија најави создавање на исламска воена коалиција од 34 земји, кои ќе се борат заедно против тероризмот, пренесе агенцијата Ројтерс.

"Саудиска Арабија создава исламски воен сојуз од 34 земји во борбата против тероризмот на Исламска држава", соопшти саудискиот телевизиски канал "ArabiaTV".

Според агенцијата, коалицијата ќе ги вклучува Јордан, Египет, Турција, Катар и Пакистан а командниот штаб ќе се наоѓа во Ријад.

Понатаму се соопшт дека коалицијата ќе вклучува моќни држави од Персискиот залив, Египет и Турција, но со исклучок на Иран.

"Коалицијата ќе се соочи со" проблемот на исламскиот свет против тероризмот и ќе биде партнер на глобално ниво на борбата со ова зло", изјавил саудискиот министер за одбрана и заменик-престолонаследник Мохамед бин Салман Ал Сауд на прес-конференција во Ријад.

Аранжмани ќе бидат направени за "координација со пријателски мирољубиви народи и меѓународни организации во името на поддршка на меѓународните напори за борба против тероризмот", додава агенцијата.

Повеќе од 10 други "исламски држави" изразиле поддршка за коалицијата, вклучувајќи ја Индонезија.

САД неодамна повикаа за пошироко меѓународно учество во борбата против групата "Исламска држава" во Ирак и Сирија.

Вашингтон предупреди дека Турција мора да стори повеќе за да ги контролира границите со Сирија и Саудиска Арабија и земјите од Персискиот Залив.

Коалицијата ќе се бори со "секоја терористичка организација, која се појави", рече Салман одговарајќи на прашање дали исламската коалиција ќе се бори само со "Исламска држава".

Слично

Поврзани вести