Економија, финансии, бизнис

Контакт

300.000 ВОЈНИЦИ НА ВИСОКА ПОДГОТВЕНОСТ: Столтенберг најави тектонски промени во НАТО - силите за брза реакција се засилуваат

300.000 ВОЈНИЦИ НА ВИСОКА ПОДГОТВЕНОСТ: Столтенберг најави тектонски промени во НАТО - силите за брза реакција се засилуваат

Шефот на НАТО најавува дека Алијансата ќе ги подобри своите капацитети.

Според генералниот секретар Јенс Столтенберг, во иднина бројот на силите за брза реакција ќе биде 300.000, наместо досегашните 40.000.

Последниот твит на британскиот магазин „Спектатор“ вели:

– Шефот на НАТО најавува дека алијансата ќе ги подобри своите капацитети за да има над 300.000 војници во состојба на готовност – се наведува во соопштението на „Твитер“.

Шефот на НАТО Столтенберг вели дека новиот стратешки концепт, десетгодишен план што треба да биде одобрен во Мадрид, ќе ја опише Русија како „најзначајна и најдиректна закана“ за безбедноста на алијансата.



Слично

Поврзани вести