30 илјади платеници од 86 држави се борат за Исламска држава
Меѓу 27 000 и 31 000 платеници од 86 држави се борат на страната на терористичката организација Исламска држава во Ирак и Сирија.
Ова го покажуваат податоците на аналитичкиот центар "Суфан", предводен од поранешниот агент на ФБИ Али Суфан, пренесоа агенциите.
Во јуни минатата година во "Даеш" (Исламска држава) имало околу 12 илјади странски борци.
Освен тоа, може да се тврди дека апсолутното мнозинство исламисти одат во Ирак и Сирија за непосредно учество во борбените дејства, а не да поминат обука и потоа да се вратат во својата татковина, каде ќе извршат терористички напади. Сепак постојат податоци дека во моментот околу 2.700 екстремисти се вратиле во својата татковина.
За 31 илјади странски борци во редовите на "Даеш" зборува и Ричард Барет, поранешен шеф на британското контраразузнавање Ми-6, забележуваат агенциите.
