30 ГОДИНИ ПОДОЦНА ИКЕА ВОВЕДУВА ДРАСТИЧНА ПРОМЕНА: Тргнува по нов пат или ќе исчезне
После 30 години шведската компанија ИКЕА реши да тргне по друг пат и да воведе навистина драстична промена.
Имено оваа година планира да почне да отвора мали градски продавници наместо големи, како нивните препознатливи центри.
„Компанијата мора да одговори на промените на навиките на потрошувачите, односно на своите купувачи. Затоа наш приоритет ќе биде отворањето на мали градски продавници и развивање на онлајн купувања, но и достава на производи“, рекол Хавиер Кинонес, менаџер во Кина.
Првата ваква продавница се планира уште на есен во Лондон. Подоцна, планот е да се прошири овој потег на другите земји.
„Најмногу ме загрижува фактот, дека ако не го прилагодиме пазарот сега, на долги рокови, можеби нема да постоиме“, рекол менаџерот.
