Економија, финансии, бизнис

Контакт

3 грешки на Меланиja, кои можат да му наштетат на Трамп

3 грешки на Меланиja, кои можат да му наштетат на Трамп

Три грешки на Меланија Трамп можат да ја чинат победата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп на претседателските избори.

Првата е плагиатите на делови од говорот на Мишел Обама во говорот кој таа го произнесе на конгресот на американските републиканци минатиот месец.

Втората е малку необичната кариера на Мелани на манекенка. Овие денови за оваа кариера потсети „Њујорк пост“, кој објави во неделата и понеделникот на видно место две голи фотографии од Меланија Трамп, направени во 1995 година, кога таа имала само 25 години и дури не го познавала милијардерот Трамп.

Кадрите биле за списанието „Макс“, направени се од француски фотограф кој раскажува дека Меланија никогаш не се чувствувала непријатно кога се фотографирала гола.

„Њујорк пост“ е на милијардерот Руперт Мардок и во април изданието рече дека ќе го поддржи Трамп за претседателски кандидат на републиканците. Сега се поставува прашањето дали го сменил мислењето.

Третата грешка на Меланија фигурира во нејзиниот интернет сајт кој до неодамна беше отворен за посета. На 28 јули тој беше сепак затворен, бидејќи не ги покривал на адекватен начин нејзините дела и професионални интереси, како што рече самата Меланија.

На сајтот се споменуваше дека таа има диплома за дизајн и архитектура од Универзитетот на Словенија. Но сопругата на магнатот никогаш не зборувала за оваа диплома во интервјуата кои ги давала. Таа само велела дека учела во Словенија дизајн и архитектура, а потоа отишла да живее во Милано и Париз за да се посвети на кариерата на манекнка. Нејасноста околу историјата со оваа диплома за која се споменуваше во сајтот на Меланија, може да ја поткопа довербата на Американците кај неа и нејзиниот сопруг.

Слично

Поврзани вести