„Нордеа АБ“со рекорден профит
Најголемата скандинавска банка , финасискта групација „Нордеа АБ“ лани оствари рекорден профит, благодарение на мерките за штедење и поголемата база на клиенти. „Нордеа АБ“, и наспроти кредитните загуби, забележа раст на нето профитот од 19 отсто на 3,1 милијарда евра, додека нето профитите од каматите пораснаа за пет отсто на 5,6 милијарди евра. Банката објави дека нејзините лански нето кредитни загуби изнесувале 933 милиони евра, пред се поради нестабилноста во бродоградежништвото и на пазарот на недвижнини во Данска.
Слично
