Економија, финансии, бизнис

Контакт

25 загинати цивили во ракетен напад на пазар во Доњецк

25 загинати цивили во ракетен напад на пазар во Доњецк

Најмалку 25 лица се убиени во гранатиран напад во градот Доњецк, кој е под контрола на Русија.

Денис Пушилин рече дека украинскиот  напад, во кој исто така беа повредени 20 лица, го погодил прометниот пазар и дека бројките на жртвите може да се променат.

Руското Министерство за надворешни работи го осуди нападот како „варварски терористички напад“ врз цивили. Засега нема коментар од Украина за инцидентот.

Фотографиите објавени од новинската агенција Ројтерс се чини дека покажуваат уништени излози на продавници, како и тела што лежат на улица.

Градот Доњецк и делови од поширокиот регион во источна Украина првпат беа заземени од силите поддржани од Русија во 2014 година, а оттогаш областа е делумно контролирана од Москва.

Градот е на околу 20 километри од линијата на фронтот. Во областите во близина на градот Доњецк - вклучувајќи ги Маринка и Авдиивка - се забележани некои од најжестоките борби во последно време.


Слично

Поврзани вести