25 МИЛИОНИ ЛУЃЕ ВО ОПАСНОСТ ВО КАЛИФОРНИЈА ПОРАДИ НЕВРЕМЕTO: Бајден воведе вонредна состојба
Најмалку 19 луѓе
загинаа во невремето во Калифорнија од крајот на годината, а илјадници се
евакуирани. Американскиот претседател Џо Бајден ја одобри федералната помош за
Калифорнија, која од 26 декември се бори со невремето во кое загинаа најмалку
19 луѓе, предизвикаа поплави, прекин на електричната енергија, лизгање на
земјиштето, затворање патишта и принудна евакуација.
Во Калифорнија, 25 милиони луѓе во моментов се загрозени. Во градот Монтесито оваа недела водената стихија нагло се зголеми, поради што противпожарната служба нареди евакуација на жителите, која во меѓувреме е откажана. Но, луѓето кои живеат таму се уште се исплашени. Ризикот од поплави и одрони е многу висок.
Во градот, на околу 135 километри северозападно од Лос Анџелес, лизгање на земјиштето усмрти 23 луѓе во 2018 година, а многумина стравуваат дека тоа ќе се повтори.
Во Северна Калифорнија, лозјата се под вода. Во долината Салинас нивото на реката се издига и се заканува да поплави важно земјоделско земјиште, јавува Би-Би-Си.
Кимберли Рајн Минер, климатски научник на НАСА, рече дека проблемот со бурите е што земјата е веќе влажна и не може да апсорбира онолку вода колку што брзо паѓа.
Доколку не го забавиме затоплувањето на атмосферата, може да очекуваме се поекстремни временски појави, предупреди таа. Тоа ќе важи за целиот свет, не само за Калифорнија, додаде таа.
Во таа состојба жителите сега чекаат повик и евентуална наредба за евакуација. Но, тие се прашуваат каде ќе бидат безбедни ако треба да заминат од дома.
EPA-EFE/Jorge Reyes