21-ви помина, остана само мамурлакот! Еве колку пати преживеавме крај на светот во новиот Милениум
Не е толку страшен 21 декември, пострашен е мамурлакот на 22-ри, изјавија песимистите и се покажа дека се во право. Ништо не е вечно, вклучувајќи и нашиот свет. Будистите веруваат дека крајот на светот ќе биде оозначен на крајот на циклусот на Махал Калпа кога сите светови ќе бидат уништени, вклучувајќи нашиот, а потоа ќе започне нов циклус на развој на Вселената. Христијаните го поврзуваат со настаните опишани во Откровението на Јован , последната книга од Библијата. Кабалата развива теоријата за крајната состојба на светот, кога почетокот и крајот ќе се спојат.
Како што пренесуваат медиумите, голем е бројот на датуми кои во новиот Минениум се означуваа како крајот на светот. Еве дел од нив!
1 јануари 2000
Во првиот ден од Новата година ја очекувавме разврската на Проблемот 2000 (Y2K). Се претпоставуваше дека со доаѓањето на 1 јануари 2000 година многу компјутери нема да успеат да ја земат во предвид промената на векот и ќе ја интерпретираат промената како 1900 година, што ќе доведе до сериозни проблеми со системите, како на пример за технолошки и финансиско управување. И до денес се спори, дали навистина ова се спречиси со предупредување и преземање мерки или проблемот беше вештачки создаден за извлекување на профит. За многумина, сепак тоа требаше да стане почеток на глобален хаос, кој ќе го уништи светот.
Јануари 2000
Исто така јануари беше време кога требаше да сме на раб на нуклеарна војна, која ќе го уништи светот. Војната ќе беше почнала половина година порано, на 11 август 1999 година според прогноза на пророкот Едгар Кејс направена на крајот на Втората светска војна. Освен тоа, планетите требаше да бидат подредени во низа, што ќе предизвика жестоки катаклизми на Земјата според рускиот астролог Владимир Соболев.
5 мај 2000
На 5 мај требаше да исчезнеме како резултат на т.н. парада на планетите.
26 септември 2000
Астероидот Тутатис требаше да удри во Земјата и да ја уништи.
11 август 2001
На 11 август 2001 година Сончевиот систем требаше да биде проголтана од црна дупка.
2002
Сонцето требаше да згасне , а нашиот свет да потоне во темнина, според некави древни пророштва.
11 август 2002, 4:00 наутро
Според романскиот монах Арсениј, жител на Света Гора, требаше да видиме како Јужниот Пол се соединува со Северниот, а Земјата потонува во огнен хаос, освен тоа не чекаше земјотрес и три дена и ноќи на ужаси!?!
2003
Земјата требаше да се распадне според американскиот астролог Џејми Диксон. Исто така требаше да биде удрена од астероид, што можеше да се избегне само ако во 2000 година се бевме поврзале со цивилизацијата Зоја од планетата рото во соѕвездието на Касиопеја и бевме зеле оружје за справување со астероиди, а сето ова базирано на контактот со вонземјани на русинката Татјана Павлова . И покрај точната адреса, НАСА никогаш не воспостави контакт со вонземјаните!?
6 јуни 2006 година
Крајот на светот ни чекаше на овој датум, едноставно поради совпаѓања на трите шески -бројот на Ѓаволот. Други причини не беа објавени.
Пролетта 2007 година
За пролетта 2007 година се натпреваруваат две верзии. Според едната Нибиру требаше (за прв пат) да ја погоди земјата, според другата-државата Невада требаше да биде уништена од атомска бомба, дел од Земјата ќе се покрие со пустински песок и сите ние да изчезнеме,а верниците ќе се претворат во духови!?
Мај 2008 година
Руските власти имаа тешкотии со следбеници на секта, кои се беа криеле во пештера во Пензенскиот регион со своите деца, во очекување на крајот на светот и одбија да излезат.
21 јули 2008 година
Астероид, чие име не го знаеме, но знаевме дека е со дијаметар 800 метри, требаше да ја погоди Земјата.
10 септември 2008 година
Пуштањето на Големиот адронен акцелератор предизвика загриженоста дека тој ќе отвори црна дупка која ќе ја уништи планетата.
2009
Големиот адронен акцелератор повторно ги воодушеви некои љубители на науката. Овој пат тие се сетија дека пуштањето са работи со полна пареа ќе предизвика: црна дупка; верижна реакција на апсорпција на материјата од антиматеријата; промена на земјиното магнетно поле. Судот на Хаваите требаше да заседава за случајот, поднесено од извесни Уолар Уагнар и Луис Санчо против ЦЕРН. Двајцата ја обвинуваа агенцијата дека намерно се обидува да предизвика крај на светот и бараа работата на акцелераторот да биде забранета.
21 мај 2011, 18:00
Калифорнискиот проповедник Харолд Кампинг, кој се занимава со проучување на Библијата и математика, го наведе 21 мај како датум на крајот на светот. За него тоа беше уште еден неуспешен обид откако претходно предвиде крајот на светот во 1988 година и во 1994 година Тој почна со огромна кампања, со билборди и флаери во кои го изнесе своето пророштво. На крајот, крај на светот не настапи, а Кампинг беше хоспитализиран со лесен срцев удар од возбудата.
21 октомври 2011, 18:00
Кампинг прегледа ги белешките и објави дека во мај дојде само духовниот крај на светот, а во октомври-ќе сме го чекале физичкиот. Започна нова кампања и се од почеток. Откако и на 21 октомври светот продолжи упорно да си постои, од Харвард не издржаа и му доделија Шнобелова награда за најдобро точно математичко предскажување на крајот на светот!?
21 декември 2012
Светот завршува според календарот на Маите. Сега веќе може да ги напуштите бункерите и извадете ги скафандерите. Светот не заврши, остана само мамурлакот. Но не се плашете. Бункерите повторно ќе бидат добредојдени, бидејќи нели и 10 април 2014 година според Кабалата е ден за одмазда на Ѓаволот!
Слично
