2020 е шеста најлоша година од кога постои цивилизацијата
2020 можеби е најлошата година што ќе се памети, но само за лаиците, бидејќи историчарите со своите прецизни анализи и детали не сметаат така.
„Блум“ неодамна побара од 28 историчари од Јеил, Оксфорд, Стенфорд и други големи универзитети да изберат најлоша година во историјата за светот, Британија и САД под водство на британскиот историчар Филип Паркер За најлоша е избрана 1348 година, кога владеела Црната смрт, при што загинаа дури 200 милиони луѓе.
Холокаустот и истребувањето во Втората светска војна во 1944 година направи таа да е рангирана на второто место, а трета е 1816 година, кога ерупција на вулкан во Индонезија го блокираше сонцето, предизвикувајќи глад за милиони.
Во историјата на САД, 2020 година беше далеку на листата број 8, веднаш зад терористичките напади во 2001 година на 11 септември, кубанската ракетна криза од 1962 година, бура од немирите и атентатите во 1968 година, пандемијата на грип во 1918 година, „Патеката на солзите“ од 1838 година, падот на берзата во 1929 година, означувајќи го почетокот на Големата депресија, и на самиот врв, 1862 година, годината на Граѓанската војна во САД.
