Економија, финансии, бизнис

Контакт

2015 година – Најкрвавата година за бегалците

2015 година – Најкрвавата година за бегалците

Политичари, лекари и активисти од различни хуманитарни организации предупредија дека 2015 година најверојатно ќе се покаже како најкрвавата година за бегалците, ако трендовите продолжат во тој правец.

До почетокот на месец мај оваа година 1750 илегални мигранти се удавиле во близина на брегот на Европа. За истиот период од претходната 2014 година жртвите биле 96 лица.

Од Светската хранлива програма на ОН (WFP) повикуваат за смртта на бегалците да не биде заборавена.

„Сеуште ништо не е направено за да се стави крај на оваа хуманитарна трагедија“, изјавил претставник на програмата.

Од „Лекари без граници“ алармираа дека проблемите со илегалните мигранти, кои загинале во потрага по подобар живот, ги надминуваат границите на Европа и ја прават ситуацијата во светски рамки исклучително алармантна.

Слично

Поврзани вести