2012 топ година за автомобилската индустрија, Британците со нов рекорд
Рекорден извоз на автомобили од Велика Британија во текот на 2012 година. Од државата биле извезени 1,2 милиони автомобили, што е најмногу во долгогодишната историја, соопштија денеска од Британскатаасоцијација за производство и продажба на возила.
Како што наведува Асоцијацијата, лани извозот бил за 8% поголем од 2011 година. Вкупно се произведени 1,6 милиони возила (најмногу од 2008 година) или за 15 отсто повеќе од минатата година.
80% од автомобилите произведени во Велика Британија се наменети за извоз, но лани производството беше поттикнато и од големата побарувачка на домашниот пазар. Во Велика Британија има осум големи фабрики за автомобили и сите во сопственост на странските компании.
Слично
