Економија, финансии, бизнис

Контакт

2012-та најуспешна година за компанијата Хенкел

2012-та најуспешна година за компанијата Хенкел
Германската компанија за производи за широка потрошувачка „Henkel“ во 2012 година заработи најмногу пари во корпоративната историја. Оперативната добивка скокна за една четвртина до рекордно ниво од речиси 2,2 милијарди евра, соопштуваат од компанијата. Приходите на концернот се зголемоле  за речиси 6% до  рекордна вредност од 16,5 милијарди евра. „2012 година беше најуспешната година за „Henkel“, коментира главниот извршен директор Каспер Рорстед. Сите оддели бележат профит. Компанијата произведува лепила (Pritt, Pattex) детергенти (Persil, Spee) и козметика (SYOSS, Schwarzkopf). „Henkel“ успеа да ги постигне своите долгорочни планнови поставени уште во 2008 година,  па затоа и вработените ќе добијат специјална премија. За 2012 година акционерите ќе добијат дивиденда од 0,95 евра за привилегирана акција и 0,93 евра за обична акција. Сумите се повисоки од очекувањата на аналитичарите, а за споредба во 2011 година  дивидендите беа зголемени за 0,8 и 0,73 евра. Во четвртиот квартал е забележан раст на продажбата во споредба со истиот период од претходната година за 5,3% до 4 милијарди евра, но нето добивка била 343 милиони евра, што е пониско од очекувањата. За 2013 година се планира раст на приходите помеѓу 3 и 5%, а до 2016 година приходите треба да достигнат 20 милијарди евра, а половина од нив треба да бидат реализирани во Азија и Латинска Америка.
Слично

Поврзани вести