20 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА РЕНОВИРАЊЕ НА РОДНАТА КУЌА НА ХИТЛЕР: Сакаат да биде непривлечна за неонацистите
Обемната пренамена
на родното место и првиот дом на Адолф Хитлер во градот на
австриско-германската граница се очекува да чини речиси двојно повеќе од
првично планираното, објави во петокот австриското министерство.
Празната зграда во местото Braunau am Inn ќе и биде ставена на располагање на австриската полиција. Специјална комисија предложи архитектонски промени за да биде речиси непрепознатлива и со тоа помалку привлечна за неонацистите кои го величат местото и локацијата.
Но цената на градежните работи се искачи на цели 20 милиони евра, 11 милиони повеќе од претходно планираното, соопшти во петокот австриското МВР. Портпаролот на министерството ова го објасни со „општо зголемување на трошоците за работите“. Зградата во која се родил нацистичкиот диктатор и ги помина првите месеци од својот живот е празна откако здружението за лица со интелектуална попреченост се исели во 2011 година.
Австриската влада ја одзеде зградата од нејзиниот претходен сопственик по долг спор околу нејзината идна употреба. Завршувањето на работите се очекува во 2025 година.
