Економија, финансии, бизнис

Контакт

20 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ПРИНЦЕЗАТА ДАЈАНА: Oва се детали за неа кои јавноста не ги знае

20 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ПРИНЦЕЗАТА ДАЈАНА: Oва се детали за неа кои јавноста не ги знае

Пред точно 20 години на денешен ден, принцезата Дајана загина во тешка сообраќајна несреќа во Париз. 

Дајана настрада во парискиот тунел на 31 август околу полноќ. На лице место загинаа нејзиниот љубовник Доди Ал-Фајед и возачот Хенри Паул за кого се пишуваше дека имал алкохол во крвта. Несреќата ја преживеа телохранителот Тревор Ресе-Џонс, додека Дајана почина четири часа подоцна во болница.

Минута по несреќата, во полусвест на задното седиште во автомобилот, со смачкана глава и граден кош, како што кажува Џонс, таа го довикувала Доди.

Околу еден часот наутро, информацијата за несреќата преку амбасадорот стигнала и до палатата во Шкотска каде биле поранешниот сопруг на Дајана, принцот Чарлс и неговата мајка кралицата Елизабета Втора. На Чарлс му кажале дека Дајана била повредена во сообраќајна несреќа, односно дека и била само скршена раката.

Чарлс знаел дека јавноста ќе го обвинува него и се плашел дека е загрозен и самиот опстанок на монархијата. Следното утро кога на Вилијам и Хари им кажале дека нивната мајка загинала, и ги однеле на миса во Лондон. Чарлс со сестрите на Дајана со приватен авион отишол по нејзиното тело. 

Како што многупати истакнувала, децата ги сакала најмногу и била многу поврзана со нив. 

За неа се знае дека сакала да изгледа женствено, па од раната младост се грижела за своето лице и тело. Скромноста како особина ја красела целиот живот, а тоа најмногу можело да се забележи по гардеробата која ја носела. Се занимавала со балет и тоа одлично и одело.

Го обожавала морето и често пливала од хоби.

Принцезата Дајана не сакала да носи премногу накит, па секогаш носела добро одбрани парчиња гардероба кои се вклопувале.

Слично

Поврзани вести