2 милијарди луѓе во светот живеат со 3 долари на ден
Бројот на сиромашните луѓе во Европа продолжува да расте, пишува во извештајот на Меѓународната организација на трудот за светското вработување и социјалните предвидувања за 2016 година. Организацијата тоа го објаснува со зголемениот број мигранти.
Во 2012 година над 300 милиони луѓе во развиените земји живееле во сиромаштија. Ова зголемување на невработеноста е поврзано со зголемениот број бегалци кои пристигнаа во Европа во последните неколку години.
И иако екстремните нивоа на сиромаштија се намалија за повеќе од половина од 1990 година, многу луѓе продолжуваат да живеат во сиромаштија во светот. Организацијата проценува дека скоро 2 милијарди луѓе живеат со помалку од 3,10 долари на ден, што е 36% од новонастанатиот и просперитетен свет. Речиси една третина од крајно сиромашните или умерено сиромашните луѓе во земјите во развој, всушност имаат работа. Причината е дека понекогаш трудот им е ниско платен, станува збор за ниско квалификувани професии и недостаток на заштита.
Сиромаштијата останува највисока во Африка и делови од Азија, додека во Кина и голем дел од Латинска Америка бројот на сиромашните луѓе се намалува.
Жените и децата се најмногу погодени од сиромаштијата. Во земјите во развој повеќе од половина од сите деца под 15-годишна возраст живеат во крајна или умерена сиромаштија. Во развиените земји 36% од сите деца живеат под релативниот праг на сиромаштијата.
Пресметките на Меѓународната организација на трудот покажуваат дека се потребни 600 милијарди долари годишно, или речиси 10 трилиони долари вкупно во овие 15 години, за да се искорени крајната и умерената сиромаштија на глобално ниво.
