Економија, финансии, бизнис

Контакт

2.000 рудници за јаглен затвора Кина

2.000 рудници за јаглен затвора Кина

Најмалку две илјади мали рудници за јаглен ќе затвори Кина до 2015 година, со цел за подобрување на безбедносните стандарди во оваа индустрија.

Кинескиот државен совет најави дека ќе бидат затворени рудници, чие годишно производство не надминува 90 илјади тони, што не ги почитуваат безбедносните правила, како и рудниците што содржат резерви на неквалитетен јаглен.

Несреќите во кинеските рудници се честа појава. Во текот на 2012 година во рудниците низ земјата загинале 1.384 лица.

Слично

Поврзани вести