Економија, финансии, бизнис

Контакт

195 земји го усвоија глобалниот договор за борба против климатските промени

195 земји го усвоија глобалниот договор за борба против климатските промени

Претставниците на 195 земји го усвоија во Париз првиот глобален договор за борба против порастот на светската температура, која е извор на растечки закани за човекот и природата.

„Меѓу учесниците на конференцијата нема никакви приговори. Мировниот договор за климатските промени е прифатен“, објави претседателот на конференцијата на ОН за борба против климатските промени - францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиос под турбулентниот аплауз од присутните делегати.

Со усвојувањето на документот од 31 страница страните се обврзуваат да ја ограничат просечната температура на глобалното затоплување до под 2 целзиусови степени во однос на прединдустриската ера, забележуваат агенциите.

Со овој договор, за првпат се бара од сите земји да ги ограничат своите емисии на стаклени гасови. Во него се водеа преговори за четири години, откако претходните обиди за негово постигнување не успеаја, забележуваат американските медиуми.

Слично

Поврзани вести