19 месеци по ред расте невработеноста во Франција
Невработеноста во Франција се зголемила за 0,9 проценти на месечно ниво во ноември, што е 19-ти месец по ред како бележи раст, соопшти Министерството за труд. Како што се наведува во соопштението, во ноември се регистрирани 29.300 нови невработени, така што, нивниот број изнесува 3,13 милиони.
Доколку се земат во предвид и вработените на половина работно време, бројот на невработени во Франција минатиот месец е зголемен за 30.400 лица. Тоа значи дека вкупниот број на лица без работа е зголемен за 0,7 отсто на 4,61 милион.
Слично
