Економија, финансии, бизнис

Контакт

18 терористи уапсени во Италија, подготвувале напад врз Ватикан

18 терористи уапсени во Италија, подготвувале напад врз Ватикан

18 терористи се уапсени во Италија при операција поврзана со терористичка група „Ал Каеда“ , соопштија од италијанската полиција.

Меѓу уапсените има лица кои се одговорни за „крвавите терористички напади“ во Пакистан, дополнува италијанската полиција.

„Фундаменталистичка мрежа“, со седиште во Сардинија, е вмешана со шверц на имигранти, се  појаснува уште. Двајца од уапсените се дел од група за која се залагаше поранешниот лидер на „Ал Каеда“ Осама бин Ладен, убиен во 2011 година.

Апсењата се извршени во седум различни провинции во Италија.

Извори од истрагата откри локалниот весник „La Stampa“, дека целта на терористите било да го заплашат локалното население и да принудат пакистанската Влада да ја престане борбата со талибанците и да престане да ги поддржува американските сили во Авганистан.

Групата делувала во Сардинија од 2005 година.

Во меѓувреме италијанските обвинители потврдија дека терористите планирале да извршат напад врз Ватикан.

Минатиот месец властите во Италија уапсија двајца Албанци кои биле борци на „Исламска држава“.

Слично

Поврзани вести