175 земји го потпишаа договорот за климата
Сто седумдесет и пет земји потпишаа мировен договор за климата во седиштето на ОН во Њујорк синоќа, пренесе Франс прес.
Никогаш досега меѓународен договор не е потпишан од толку земји за еден ден. Настанот се совпадна со вчерашниот Ден на планетата Земја, потсетува АФП.
15 од потписниците земји, од кои повеќето се мали островски држави, веќе го ратификуваа договорот, чија цел е да ги успори климатските промени.
Тој сепак ќе влезе во сила дури откако ќе биде ратификуван од 55 земји, одговорни за најмалку 55 отсто од стакленичките гасови.
Францускиот парламент ќе го разгледа договорот на 18 мај кога се очекува тој да биде ратификуван до летото, изјави по церемонијата на потпишување, францускиот претседател Франсоа Оланд, цитиран од агенциите.
