17 цивили загинале во Сирија по воздушни напади на САД
При воздушен напад на коалицијата предводена од САД во северната сириска провинција Алепо во петокот загинаа најмалку 17 цивили, вклучувајќи и две деца, а повредените се десетици, јави "Ројтерс".
САД и арапските сили вршат речиси секојдневни воздушни напади против џихад групи во Сирија, како "Исламска држава", од септември минатата година.
Рами Абдулрахман, кој раководи со "Опсерваторија за човекови права", изјави дека ударите биле насочени против село на источниот брег на реката Еуфрат до Алепо наместо воени цели. По неговите информации има цели семејства кои загинале при бомбардирањето.
Според информациите на организацијата најмалку 66 цивили загинале од американски напади од почетокот на кампањата во септември 2014 година.
