Економија, финансии, бизнис

Контакт

17 милиони мигранти во Германија се сиромашни, необразовани, без работа, но среќни

17 милиони мигранти во Германија се сиромашни, необразовани, без работа, но среќни

Близу 17 милиони луѓе во Германија се имигранти, или еден од пет жители. Тие се посиромашни, понеобразовани и често невработени, но задоволни.

Ова го покажува последниот извештај на Федералната статистичка служба, подготвен заедно со уште три институти.

По дефиниција за мигрант се смета оној кој - без оглед на неговата националност - е роден во странство или има барем еден родител кој доаѓа од држава, различна од СРГ. Повеќе од половина од нив се со германско државјанство, една третина се родени во земјата, пишува весникот „Das Handelsblatt“.

Во извештајот со обем од 400 страници се вели дека мигрантите се помлади, поретко посакувани на пазарот на трудот, заработуваат помалку и се изложени на поголем ризик од сиромаштија.

Во областа на образованието постигнале значителен напредок во последно време, но тоа се должи пред се на фактот дека во овој поглед државата остварува силен притисок врз нив.

Документот има за цел да претстави факти за оваа бегалска криза, но и да понуди решенија за неа. Така на пример во текстот се истакнува барањето за поширок пристап до образование, бидејќи колку повеќе квалификуван е еден човек, толку помалку веројатно е тој да остане надвор од пазарот на трудот.

Во 2014 година 65 отсто од мигрантите на возраст меѓу 15 година и 64 година имале работа - единаесет проценти помалку во споредба со податоците за населението без странски корени.

Хајнрих Алт, поранешен претседател на Федералната служба за вработување, повика за итно намалување на процедуралните рокови за азил од две години на три месеци.

„Да се ​​чека до две години - ова е чиста мизерија. Ова ги спречува луѓето да работат, генерира немоќ, непријавен труд и ситни злосторства“, истакна експертот.

Слично

Поврзани вести