17 ДЕНА ЈАДЕЛЕ ОВОШЈЕ И СЕ КРИЕЛЕ ВО ИМПРОВИЗИРАНИ ЗАСОЛНИШТА: Деца се најдени живи во амазонските шуми по авионска несреќа
Деца од Колумбија цели 17 дена издржале во амазонските шуми по авионска несреќа.
Тие јаделе овошје и се криеле во импровизирани засолништа. Нив ги пронајде специјално тренирано куче. Децата се пронајдени живи во шумите на Амазон, откако пред околу две недели се урна авионот и загинаа три возрасни лица – родителите на децата и пилотот. Децата се на возраст од 13, девет и четири години и единаесетмесечно бебе.
Веста ја објави претседателот на Колумбија, Густаво Петро на својот Твитер профил. „По напорна потрага пронајдовме живи четири деца кои беа исчезнати по авионската несреќа во Гуавијаре. Ова е голема радост за целата земја“, изјави Петро.
foto Twitter
