Економија, финансии, бизнис

Контакт

16 џихадисти уапсени во Белгија

16 џихадисти уапсени во Белгија

Белгиската полиција уапсила 16 осомничени исламистички ектремисти, повеќето од чеченско потекло. Тие се уапсени денеска по серијата рации спроведени од полицијата против луѓе кои се вратиле од Сирија и е можно да извршат напад во Белгија.

21 од акциите биле фокусирани на две осомничени исламистички групи - едната на брегот и втората во близина на Универзитетот во градот Ловен. Таму полицијата открила докази кои укажувале дека е планиран напад во Белгија.

Обвинителите започнале со својата истрага против осомничените по планираниот напад во јануари. Со помош на американските власти им ги следеле комуникациите со апликацијата за мобилни пораки „WhatsApp“.

Истрагата против крајбрежната група започна во февруари, откако осомничен за пристапување кон џихадистите во Сирија се вратил во Белгија повреден и побарал медицински третман.

Обвинителите велат дека извршиле координирана акција поради контактите меѓу двете групи, чии членови се обучувале во Сирија, Чеченија и Авганистан.

Во јануари белгиската полиција уби двајца мажи кои отворија оган врз нив за време на серија операции против исламистичката група. За неа федералните обвинители велат дека планирала да изврши напади на територијата на земјата.

Портпаролот на федералните обвинители изјавил дека нема индикации некој од приведените денес да планирал напад.

Во својата порака премиерот Шарл Мишел ги пофали полицијата и претставниците на судството за работата. „Нема да дадеме место во нашата демократија за оние луѓе кои претставуваат закана за нашите граѓани“, изјавил тој.

Слично

Поврзани вести