Економија, финансии, бизнис

Контакт

150.000 ВОЈСКА ОКОЛУ УКРАИНА: Западот предупредува дека Путин нема да застане, Кремељ оценува-украинските безбедносни сили провоцираат

150.000 ВОЈСКА ОКОЛУ УКРАИНА: Западот предупредува дека Путин нема да застане, Кремељ оценува-украинските безбедносни сили провоцираат

Источна Украина не се смирува. Повторно гранатирања во Донбас, по што илјадници луѓе беа евакуирани во Ростовската област во Русија. Западот предуредува дека Русија е подготвена секој момент да го нападне својот сосед, кој од три страни е опкружен со околу 150.000 руски војници.

Украинската армија ги бележи првите жртви во последниот месец - двајца војници загинаа на линијата на фронтот со проруските бунтовници на истокот од земјата, јавуваат светските медиуми. И од другата страна има мртви. Двајца цивили на Луганската Народна Република беа убиени во обид на вооружените сили на Украина да пробијат во близина на селото Пионерско, на седум километри од границата со Русија.

Набљудувачите на ОБСЕ забележаа повеќе од 1.500 прекршувања на примирјето кои треба да стапат на сила само во сабота во источна Украина.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на годишната безбедносна конференција во Минхен изјави дека сè укажува дека Русија планира целосен напад врз Украина. Британскиот премиер Борис Џонсон оценува дека, според разузнавачките податоци, инвазијата би можела да го опфати и главниот град на Украина - Киев.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го покани својот руски колега Владимир Путин на средба за да се најдат начини за решавање на кризата. Тој додаде дека Русија може да ја избере локацијата на средбата, нагласувајќи дека Украина ќе продолжи да го следи само дипломатскиот пат.


Слично

Поврзани вести