Економија, финансии, бизнис

Контакт

1,5 милијарда луѓе имаат мобилен, ама немаат тоалет!

1,5 милијарда луѓе имаат мобилен, ама немаат тоалет!
Иако шест од седум милијарди жители колку што има на планетата имаат мобилни телефони, само 4,5 милијарди имаат пристап до тоалет, покажуваат податоците на Обединетите нации. Со цел помош на преостанатите, 2,5 милијарди луѓе, заменикот на генералниот секретар на ОН, Јан Елијасон најави глобална кампања за подобри санитарни услови за живот на луѓето кои. Елијасон вели дека за тоалетите и непристојните нужници, кои се животна реалност за 1,1 милијарди луѓе, ретко се зборува во ОН.
Според плановите на ОН, до 2015 година треба се преполови бројот на луѓе кои немаат пристап до санитарните простории. Од друга страна пак поседувањето на мобилниот телефон станува знак за престиж, посебно во сиромашните реони на планетава.
Слично

Поврзани вести