Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛАГАРД ДО ГРЦИЈА: Долгот си е долг

ЛАГАРД ДО ГРЦИЈА: Долгот си е долг
Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард предупреди денес на последиците од обидите на европските земји да договорат нови услови за исплата на своите долгови, на само неколку дена пред изборите во Грција, на кои се очекува победа на левичарската партија Сириза, која се противи на мерките за штедење. „Заедничките напори се добредојдени, но во исто време долгот си останува долг и постои договор зa тоа“, рекла Лагард за „Ајриш тајмс“ за време на посетата на Даблин, пренесува „Франс прес“. „Банкротот, ги реструктуира промените на условите за отплата и сето тоа има последици врз довербата во договорот“, рекла директорката на „ММФ“. Лидерот на Сириза, Алексис Ципрас, повика на нови преговори за отплата на пакетот помош кој на Атина и беше одобрен од страна на ММФ и ЕУ како и на делумен отпис на огромниот грчки јавен долг. Заменикот претседателот на грчкиот парламент од редовите на Сириза, Јанис Драгасакис, реагирал на коментарите на Лагард, наведувајќи дека реструктуирањето на јавниот долг е неопходно бидејќи тој не е одржлив. „Грчката економија претрпи катастрофа и нејзините можности во моментов се ограничени“, истакнал тој. Лагард во Даблин се сретнала и со ирскиот министер за финансии, Мајкл Нунан во време кога Ирска излегува од програмата на буџетско штедење и бележи силни економски резултати. Директорката на ММФ апелирала до Ирска да ги зачува резултатите кои со многу мака биле стекнати. „Се надевам дека сите напори и жртви кои ги поднесовме во изминатите пет години нема да бидат залудни. Верувам дека народот во Ирска ќе препознае што е од интерес на земјата, економијата и граѓаните“, додала таа.  
Слично

Поврзани вести