Економија, финансии, бизнис

Контакт

140 Чеси кои се враќале од одмор во Тунис задржани на чешкиот ародром

140 Чеси кои се враќале од одмор во Тунис задржани на чешкиот ародром

Туристите задржани на аеродромот биле осомничени за фалсификување тестови. Сите биле принудени повторно да бидат тестирани пред да влезат во Чешка. Чешкиот министер за надворешни работи, Јакуб Кулханек најави дека ќе се испита дали полициските службеници постапиле правилно.

Патниците, скоро сите Чеси и претежно семејства со деца, се враќале од одмор од Тунис со два авиона. Според тур-операторот, патниците биле тестирани во Тунис од чешки лекар според чешките стандарди пред да се качат на летот до дома.

Граничната полиција соопштила дека се неопходни мерки на претпазливост затоа што патниците постојано доаѓале со фалсификувани резултати од тестови. Но, ова е прв пат сите патници на летот, а не само поединци, да мора да бидат повторно тестирани.


Слично

Поврзани вести