Економија, финансии, бизнис

Контакт

133 милијарди евра ќе тежи европскиот буџет за 2013 година

133 милијарди евра ќе тежи европскиот буџет за 2013 година
Преговарачите од земјите-членки на Европската унија постигнаа првичен договор за нацрт-буџетот за 2013-та кој е поставен на 133 милијарди евра, а трошоците се зголемени за 6 милијарди евра. Овој договор што сега треба да го одобрат владите на земјите-членки на Унијата како и Европскиот парламент, обезбедува стабилно финансирање на програмите на Унијата следната година, како што се  програмите за вработувањата, образованието и истражувањата, на кои им се закануваше укинување поради недостигот на пари. Со овој договор буџетот на ЕУ за следната година ќе биде ограничен на максимален износ од 132,84 милијарди евра, што е 2,9 отсто повеќе отколку оваа година. Меѓутоа тоа е значително помалку во однос на зголемувањето од 6,8 отсто, кое го бараа ЕП и ЕК, а претставува мало покачување доколку се земе предвид инфлацијата.
Слично

Поврзани вести