Економија, финансии, бизнис

Контакт

13 лица загинаа во земјотрес во Танзанија

13 лица загинаа во земјотрес во Танзанија
Африканската држава Танзанија денес беше погодена од силен земјотрес со магнитуда од 5.7 степени според Рихтеровата скала и засега се пријавени 13 загинати лица, а над 200 се повредени. Епицентарот на земјотресот бил во градот Букоба на северот на земјата и таму има најмногу жртви. zemjotres-tanzanija2 „Инцидентот предизвика огромни штети“, соопшти Деодатус Кинавила, комесарот на областа Букоба која има 70 илјади жители. Земјотресот бил почуствуван и во соседните Руанда и Кенија. Потресот бил на длабочина од 10 километри во 12:47 часот според централно европско време.
Слично

Поврзани вести