Економија, финансии, бизнис

Контакт

1200 откази во Дојче телеком, летаат вработените во маркетинг, оданочување и администрација

1200 откази во Дојче телеком, летаат вработените во маркетинг, оданочување и администрација
Се планира укинување на уште 1200 работни места во Дојче телеком во Германија со што компанијата ќе заштеди 100 милиони евра годишно. Како што пишува германскиот весник Ханделсблат, рестрикциите на вработените се дел од програмата за реорганизирање и треба да бидат спроведени до јуни. Откази први ќе добијат вработените во одделите за маркетинг, оданочување и администрација. Притоа компанијата ќе треба да насочи повеќе ресурси во инфраструктурата за широкопојасен пристап до интернет, за мобилни интернет услуги и телекомуникациски мрежи, поради што планира да вработи повеќе работници во некои од тие оддели. Дојче телеком на почетокот на декември 2012 година најави дека во следните три години ќе инвестира 30 милијарди евра во модернизирање на фиксната и мобилна мрежа, најпрво во Германија, а потоа и во САД.
Слично

Поврзани вести