12 000 бегалци влегуваат во Германија за два дена
6800 бегалци влегоа од Австрија во Германија во саботата, а други 5.000 се очекува да влезат денеска, објави „Ројтерс“.
20 возови пристигнале на железничката станица во Минхен во саботата. Стотици бегалци ноќевале во Виена поради недостиг на возови, уште 2000 се на пат за Австрија од унгарската престолнина Будимпешта.
Повеќето новодојденци не остануваат во баварската престолнина, туку тргнуваат со возови за Дортмунд и Брауншвајг. Владејачката коалиција во Германија се собра денеска, за да им додели парични средства на провинциите кои ќе се грижат за бегалците. Канцеларката Ангела Меркел изјавила дека надминувањето на миграциската криза е национална задача на Германија. Шефот на нејзиниот кабинет сепак увери дека одлуката да се дозволат нерегистрирани имигранти од Унгарија беше исклучок, диктиран од критичната ситуација во Будимпешта.
Берлин соопшти дека царината запленила поштенска пратка со сириски пасоши - оригинални и фалсификувани. Властите се сомневаат дека тие се за на црниот пазар на кој ги купуваат економски имигранти, за да се претстават како бегалци од Сирија.
Судири помеѓу полицијата и бегалците која избувнаа денеска наутро на пристаништето на грчкиот остров Лезбос. Еден човек беше повреден и однесен во болница.
Полицијата употребила солзавец врз илјадниците мигранти, откако тие се обиделе да преминат во толпата и да се качат на траект, најмен да превозува до Пиреја бегалци од островот. Повеќето од нив сепак не се регистрирани и не можат да ги напуштат центрите.
Судири на Лезбос имаше и во саботата, кога илегалните имигранти се обидоа да се качат на траект за Атина, кој превезува туристи.
Во посета на островот Кос во саботата беа потпретседателот на Европската комисија Франц Тимерманс и еврокомесарот за миграцијата Димитрис Аврамопулос, кој беше исвиркан од своите сонародници. Грција ќе бара од ЕУ близу 700 милиони евра за изградба на инфраструктура за прилагодување на бегалците.
Тело на новороденче момченце беше пронајдено на брегот на грчкиот остров Агатонисион, пренесоа агенциите.
