Економија, финансии, бизнис

Контакт

11-те земји со најголем државен долг се …

11-те земји со најголем државен долг се …

Неодамна Светскиот економски форум го објави својот извештај за глобалната конкурентност, каде ги подредува земјите според различни економски и финансиски показатели.

Меѓу најважните мерки е онаа на државниот долг. Особено во момент кога обновата на светската економија паѓа, а многу земји се соочуваат сериозни тешкотии.

Во летото Грција беше на работ на банкрот поради огромните обврски кон европските кредитори и ММФ, кои престана да ги отплаќа. Кризата ја стави под прашање стабилноста на целата Европска унија, и по доста драматични пресврти, заврши со потпишување на нова спасувачка програма и преземање на нов долг. Излегува дека, сепак, Грција, иако и меѓу лидерите во најголема задолженост, не е број еден во листата. Видете ги 11-те земји во светот, кои имаат највисоки нивоа на јавен долг во однос на бруто домашниот производ (БДП):

11. Сингапур – 103,8%

Можеби е една од најбогатите земји во светот, на првите места по конкурентност и бизнис средина, како и меѓу најдобрите места за живеење, но има високи долгови. Владата бара нови начини за зголемување на економскиот раст и продуктивноста.

10. САД - 104,5%

Во земјата наскоро се очекува првото зголемување на основната камата за последните 7 години. Некои аналитичари гледаат во тоа опасност од нова криза, бидејќи ќе ја зголеми исплатата на обврски.

9. Бутан – 110,7%

Малата азиска економија е поврзана со Индија и сериозно зависи од нејзината финансиска поддршка и работна рака.

8. Кипар - 112%

Земјата доживеа сериозна должничка криза во 2013 година и сега се подготвува прв буџет (за 2016 година), кој нема да биде под надзор на тројката кредитори.

7. Ирска - 122,8%

Таа ја исполни спасувачката програма пред 2 година, но се уште има висок долг. Сепак, според аналитичарите, е на вистинскиот пат кон економско заздравување.

6. Португалија - 128,8%

И Лисабон помина низ спасувачка програма, која заврши во средината на 2014 година проследена со низа реформи поврзани со намалување на приходите, кои предизвикале протести. Резултатите се спорни - во моментов БДП е 7,8% понизок отколку во крајот на 2007 година, пред глобалната финансиска криза.

5. Италија - 132,5%

Односот на државен долг во однос на БДП е вториот највисок во Еврозоната. Земјата се соочува со сериозни ликвидни проблеми. За време на грчката должничка криза често беше посочувана земја како следна загрозена.

4. Јамајка - 138,9%

Сферата на услугите формира 80% од БДП на земјата, но високиот криминал, корупција и невработеност се сериозни причини за економски пад. ММФ инсистира Јамајка да го реформира даночниот систем, освен да одлучи и за веќе наведените проблеми.

3. Либан - 139,7%

Земјата беше преферирана дестинација, но доживува тешкотии поради неговата близина до голем број блискоисточни конфликти, од кои последните - настаните во Сирија.

2. Грција - 173,8%

Атина должи над 320 милијарди евра на меѓународни кредитори, а во текот на летото беше на чекор од банкрот. Иако многуте протести и референдум, кој го отфрли новиот договор со доверителите, владата на СИРИЗА на чело со Алексис Ципрас, парафира новата спасувачка програма, за да добие пари. Потоа поднесе оставка и освои ги освои изборите. Останува да се види до кога исплатата на обврските и исполнувањето на програмата ќе одат глатко ...

1. Јапонија - 243,2%

Земјата забавува со растот сериозно и со години, а во септември една од најголемите рејтинг агенции - "Стандард енд пурс" ја намали прогнозата од стабилна на негативна. Пред 2 години земјата се обложи на "Абеномиката" - економската политика на премиерот Шинзо Абе, вклучувајќи фискални и монетарни стимули и структурни реформи. Сеуште промената не е видлива.

Слично

Поврзани вести