Економија, финансии, бизнис

Контакт

11 септември, 15 година подоцна: 75 000 уште се жртви …

11 септември, 15 година подоцна: 75 000 уште се жртви …

Oколо 75 000 Американци страдаат од тешки болести, физички и психички проблеми, како последица од нападите на 11 септември 2001 година.

На овој ден пред 15 години околу 3.000 лица загинаа во најголемите терористички напади во современата американска историја.

Спасувачите и волонтерите во спасувачките операции и операциите за расчистување на теренот во последните години дијагностицирале околу 70 различни онколошки заболувања, пренесе ТАСС, повикувајќи се на податоци на списанието „Њусвик". До јули оваа година бројот на учесниците во спасувачките операции и починати  достигна 1064 лица, дополнуваат агенциите, повикувајќи се на списанието. "Њусвик".

Што се случи на 11 септември 2001 година?

19 лица киднапираа четири американски комерцијални авиони и ги урнаа во кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк, зградата на Пентагон во Вашингтон и област во Шанксвил, Пенсилванија.

Кој стоеше зад нападите и зошто? Терористичката група Ал Каеда призна дека стои зад нападите. Осама бин Ланден се смета за мотиватор на киднаперите, и неговата изјава за света војна против Америка. 15 од 19 киднапери биле од Саудиска Арабија, а остатокот потекнувал од Обединетите Арапски Емирати, Египет и Либан. Некои од нив живееле во Европа и биле во можност да се асимилираат во  Америка. Што беше Светскиот трговски центар? За што се користеше пред 9/11?

Светскиот трговски центар беше комплекс од седум згради кој се наоѓаше во Менхетен и се користеше како канцелариски и трговски простор. Во времето на завршувањето на изградбата, во 1970-тите, кулите близначки биле највисоките згради во светот.

Слично

Поврзани вести