11 Работи кои не ги знаевте за новиот американски претседател Трамп
Доналд Џон Трамп е 45-от претседател на Соединетите Американски држави.
Тој е претприемач, телевизиски продуценти и водител односно политичар од германско-шкотско потекло.
Од богатата животна исорија на овој харизматичен бизнисмен, издвојуваме неколку помалку познати факти за Доналд Трамп.
1. Ѕвезда
Како најголемите светски познати лица, и Трамп во Холивид има сопствена ѕвезда. Честа му е искажана во 2007 година.
2. Семеен човек
Американскиот претседател има пет деца. Синот Барон го има со сегашната сопруга Меланија, со првата сопруга Ивана има три деца, а со втората сопруга Марла Маплес ја има ќерката Тифани.
3. Сопствена социјална игра
Малку е познато дека пред 12 години е претставена социјалната игра „Трамп“.
4. Парични навики
Во телевизиска емисија „Лејт Најт“ Доналд Трамп изјавил дека никогаш не употрбувал банкомат.
5. Улога во филм
Во филмот „Ghosts Can't Do It“ од 1990 година, Трамп се глумел самиот себе
6. Не пие
Исто така е непознат фактот дека новиот американски претседател воопшто не пие алкохол.
7. Гласини за кандидирањето
Пред пет години, кружеа гласини дека Трамп ќе се кандидира за претседателските избори во 2012.
8. Tрампова кула
Кога во 2001 година е завршена кучата на Трамп во Њу Јорк, тоа била највисока резиденциска градба во светот
9. Поседува палата
Трамп на Палм Бич поседува сопствена палата со 60 спални соби/ Таа е изградена во дамнешната 1920 година.
10. Miss Universe
Новиот американски претседател пред 20 години бил ексклузивен продуцет за натпревар за Miss Universe, Miss USA и Miss Teen USA.
11. „Bad boy“
Поради лошо однесување во училиште, родителите го испратиле во воено училиште во Њу Јорк.
