Економија, финансии, бизнис

Контакт

11-годишен бизнисмен нишани кон светот на модата

11-годишен бизнисмен нишани кон светот на модата
Додека повеќето шестоодделенци го поминуваат слободното време во гледање филмови или играње на видео игри , Мо Бриџис раководи компанија која произведува и продава стилски „лептир“ машни, пишува Daily Mail. Единадесетгодишниот ученик од Мемфис , Тенеси , е извршен директор на Mo's Bows - компанијата за рачно изработени лептир машни, која тој ја основал во 2011 година. Облечен во софистициран беж костум и носејќи карирана лептир машна и очила со рамки со бојата на школка од желка, Мо споделува пред Today Show : " машните ме прават да изгледам добро , да се чувствувам добро и едноставно ги разгоруваат искрите во мене. " Елоквентна и уверен , тој додава: " Јас сум следното големо нешто . " Мо објаснува дека почнува да се интересира за лептир машните , кога имал три години и кога неговата мајка Трамика почнува да му овозможува да се облекува како што му се допаѓа. Неговата баба , која е шивачка , го научила како да шие и тој почнал да изработува лептир машни. Малку потоа се појавува и компанијата. Неговите машни , чии цени се движат помеѓу 25 и 60 долари , се во различни бои , а секој модел има разиграно име. Мо наоѓа инспирација во локални текстилни продавници, каде што тој самиот избира ткаенини , со кои работи. И додека Мо е креативна сила зад неговата компанија , неговата мајка објаснува дека тоа е семеен бизнис . " Јас , мајка ми , моите сестри , и се разбира - Мо , се занимаваме со тоа од 2011 година ", вели таа . Мо , кој планира да се запише во училиштето за дизајн Parsons , кога ќе порасне , се согласува дека бизнисот е тимска работа. " Велат дека Мо е главниот извршен директор на Mo's Bows , но мама е главниот извршен директор на Mo " , вели тој . Денес Mo's Bows можат да се купат во продавници во Тенеси , Алабама , Тексас , Луизијана , Јужна Каролина и Арканзас , како и онлајн на сајтот на Мо во Etsy . И додека Мо веќе заработил десетици илјади долари од продажба на своите лептир машни на возраст од 11 години, тој нема планови да стивнува . "Додека наполнам 20 година , сакам веќе да имам создадено сопствена модна линија , " вели тој.
Слично

Поврзани вести